Фудбал
Свонси освои бод на гостувањето кај Тотенхем
Фудбалерите на Свонси освоија бод на гостувањето кај Тотенехм откако вечерва одиграа без голови 0:0 во натпревар од 5.коло. За Тотенхем ова е само втор бод како домаќин на трите одиграни натпревари на Вембли оваа сезона. Свонси со пет бодови се наоѓа на 14.место.
На другите дуели одиграни попалднево: Кристал Палас – Саутемптон 0:1, Хадерсфилд – Лестер 1:1, Ливерпул – Барнли 1:1, Њукасл – Стоук 2:1, Вотфорд – Манчестер Сити 0:6 и ВБА – Вест Хем 0:0.
Вчера Бурнемут – Брајтон 2:1.
Утре се играат дуелите: Челзи – Арсенал и Манчестер Јунајтед – Евертон.
Табела: Манчестер Сити 13 бодови, Манчестер Јунајтед 10, Челзи 9, Њукасл 9, Тотенхем 8, Хадерсфилд 8, Барнли 8, Ливерпул 8, Саутемптон 8, ВБА 8, Вотфорд 8