Connect with us

Други спортови

Тајли: Надал ќе игра на Австралија опен

Директорот на Австралија опен, Крег Тајли, е убеден дека Рафаел Надал ќе игра на овој турнир во 2024 година.

Последен пат Надал годинава играше на Австралија опен, по што поради серија повреди ја пропушти практично цела сезона и падна на 240. место на АТП листата.

Крег Тајли откри дека добил потврда од самиот Надал дека следната година ќе се натпреварува во Мелбурн. Тоа треба да значи дека организаторите ќе му дадат посебна покана.

„Очекуваме враќање на некои великани и шампиони кои отсуствуваат неколку години. Овде ексклузивно можам да откријам дека ќе се врати и Рафа. Тој не играше некое време и во разговорот со него во последните неколку дена добив потврда дека ќе се врати за што сум навистина возбуден. Знаеме и дека Ник Киргиос тренира, па го очекуваме и него“, откри Тајли во интервју за „Nine today“.

Ова секако го наметнува прашањето кога Рафа всушност ќе се врати на теренот. Се шпекулира дека тој ќе игра во Купот на Јунајтед пред самиот прв Грен слем сезонава, а постои можност да игра и во Аделаида.

Оваа сезона Надал одигра само четири меча, а единствената победа ја забележа против Џек Дрејпер во првото коло на Австралија Опен.