Connect with us

Тајмаут

Тенк пред Маракана, на шпанскиот новинар ништо не му е јасно: Што прави ова овде?

Барса го декласираше српскиот шампион со двата гола на Роберт Левандовски и по еден гол на Иниго Мартинез, Рафиња и Фермин Лопез, а стрелци за Звезда беа Силас и Милсон за конечни 2:5 во ЛШ. Голем број шпански новинари синоќа беа во Белград, а снимката што ја направи новинар на каталонски спорт стана многу популарна на социјалната мрежа Твитер.

Спортскиот новинар Иван Сан Антонио останал зачуден кога видел тенк пред Маракана, оклопно воено возило кое пред пет години го поставија навивачите на овој клуб во близина на стадионот Звезда. Тогашниот министер за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, објасни дека тоа е всушност модел и дека нема опасност за посетителите, но и после тоа на многумина не им била јасна целта со поставувањето на тенкот пред стадионот. .