Фудбал
Терористи планирале напад за време на натпревар на Барселона на „Камп Ноу“
Шпанските медиуми пишуваат дека шпанската полиција минатото лето открила план за терористички напад на „Камп Ноу“ за време на натпреварот помеѓу Барселона и Бетис.
Минатото лето во Барселона на 17 август се случија два терористички напади, откако двајца терористи со комбе влетаа во толпа пешаци во Ла Рамбла и Камбрилс. Билансот беше 14 жртви и 136 повредели лица. Според „Ел Периодико“, шпанската полиција открила дека истите терористи планирале и напад за време на натпревар на Барселона на „Камп Ноу“.
Тие сакале да организират терористички напад за време на отворањето на ланската сезона, кога Барселона го пречека Бетис на домашен терен. За среќа сите терористи од оваа ќелија беа уапсени и убиени по нападите на 17 август.
sport1.mk