Фудбал
Тите и официјално ја доби својата прва работа по Бразил

Поранешниот тренер на бразилската фудбалска репрезентација Тите ќе стане нов тренер на Фламенго, соопшти денеска клубот од Рио де Жанеиро.
„Имавме искрени, директни разговори и тие завршија на одличен начин“, изјави потпретседателот на Фламег, Маркос Брас.
Тој додаде дека Тите ќе биде официјално претставен утре.
Тите на клупата на Фламенго ќе го замени Аргентинецот Хорхе Сампаоли, кој доби отказ пред две недели.
Аденор Леонардо Баки, попознат како Тите, доби отказ пред една година како селектор на бразилската репрезентација, по елиминацијата во четвртфиналето на Светското првенство во Катар во 2002 година.
Тите го водеше Бразил како селектор од 2016 до 2022 година, а на 81 натпревар забележа 60 победи, 15 нерешени и шест порази.