Connect with us

Кошарка

Тодоров утре ќе биде промовиран за нов селектор на кошаркарската репрезентација

За утре точно напладне закажана е промоцијата на новиот стручен штаб. Александар Тодоров утре ќе биде промовиран за нов селектор на машката сениорска кошаркарската репрезентација на Македонија. Откако федерацијата доби ново раководство предводено од Перо Антиќ, истото реши да направи и промена на стручниот штаб кај сениорите, па така договорот со Јорданчо Давитков кој во претходните два циклуси ја предводеше машката селекција не беше продолжен.