Connect with us

Фудбал

Трагедија ја потресе Македонија: Млад тренер почина откако беше погоден од залутан куршум

Марван Илјази, млад тренер на фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново почина. Според информациите тој бил погоден од залутан куршум испукан на една свадба, но за жал не успеал да ја добие битката и им подлегнал на повредите. Информацијата дека починал ја потврди неговиот клуб Шкендија Арачиново кој се натпреварува во Трета лига север. Денешниот меч против Ринија започна со минута молчење.