Connect with us

Ракомет

Трагедија: Полски спортски новинар загина за време на финалето од Лигата на шампионите

Павел Котвица (51) од весникот Echo Dnia паднал во несвест во текот на второто полувреме и натпреварот бил прекинат бидејќи брзата помош му пружила лекарска помош, но за жал починал.

Полски спортски новинар почина за време на финалето на ЕХФ Лигата на шампионите помеѓу СЦ Магдебург и Киелце во неделата во Келн, соопшти Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Новинарот Павел Котвица (51) од весникот „Ехо Днија“ паднал во несвест во текот на второто полувреме и натпреварот бил прекинат бидејќи му била укажана помош од брза помош, но за жал починал, додаваат од ЕХФ.

Тренерот на Магдебург, Бенет Вигерт, тогаш предложи играта да заврши со сегашниот резултат 22-20 во корист на Полјаците, изјави тој за Билд, велејќи дека „има поважни работи во спортот“.