Connect with us

Фудбал

Трагедија во Англија: Почина легенда на Тотенхем!

Џастин Единбург, кој го водеше Лејтон ориент и една од фудбалските легенди на Тотенхем, на 49. годишна возраст почина во саботата по добиен инфаркт.

Единбург две години работеше во клубот, кој се натпреварува во четвртата англиска лига, а имаше и значителни услеси како играч во дресот на Тотенхем.

Настапувајќи како лев бек, во сезоната 1990-91 го освои трофејот во ФА Купот, а во 1998-99 стигна и до титулата во Лига купот.

Вкупно 10 години ги бранеше боите на Тотенхем со 215 одиграни натпревари. Од актуелниот клуб на Единбург целосно се скршени од трагедијата.

Голема тага и шок во Тотенхем не можејќи да поверуваат дека починал еден од нивните своевремено најзвучни фудбалери.

Бил однесен во болница два дена откако присуствувал на финалето од ЛШ меѓу неговиот поранешен клуб и Ливерпул.

Извор: Слободен печат