Кошарка
Трет пораз на Кливленд во серија
Кошаркарите на Кливленд го забележаа и третиот пораз по ред откако ноќеска загубија на гостувањето кај Јута со 104:101. Ова за Леброн Џејмс и неговите соиграчи е вкупно 12-ти пораз сезонава.
Најпрецизни на дуелот беа Џејмс (Кливленд) и Донован Мичел (Јута), двајцата постигнаа по 29 поени. Воедно ова е шеста последователна победа на Јута против Кливленд.
На триумф на домашен терен се радуваа играчите на шампионот Голден Стејт. Со враќањето на Стеф Кари во тимот совладан беше Мемфис со 141:128, а Кари на деветти натпревар во кариерата постигнува 10 тројки.
Пораз на гости од фаворитите забележа Сан Антонио кој загуби од Детроит со 93:79, додека Кристапс Порзингис го предводеше Њујорк до минимален триумф протиф Њу Орлеанс. Седум од своите 30 поени ги постигна во последните 90 секунди за победа на Њујорк од 105:103.