Connect with us

Други спортови

Трето место во кумите за Камелија Недев на ЈКА Европскиот Куп во Холандија

Македонската каратистка Камелија Недев освои бронзен медал во џиу ипон кимите во категорија за деца од 11-12 години на ЈКА Европскиот Куп во Беек, Холандија.

– Камелија исто така настапи во дисциплината кати каде беше грубо оштетена од домашните судии, таа беше за неколку класи подобра од својата противничка но за жал домашниот терен во Холандија си го направи своето, информираат од Македонската традиционална карате федерација.

Втората македонска натпреварувачка на Европскиот куп, Софија Јарчевска освои петто место во џиу ипон кумите за деца.

На купот учествуваа 265 каратисти од 12 европски земји.