Connect with us

Фудбал

Тројца македонски репезентативци – еве кој се најде во тимот на деценијата во Хрватска

Илија Несторовски, Аријан Адеми и Стефан Ристовски се најдоа во тимот на деценијата на најсилната хрватска лига. Ова следува откако медиумите направија избор на првите 11 од странците што играле во тамошната ХНЛ-лига.

„Овој Македонец беше еден од најдобрите во историската сезона 2016/17 на Риека, кога екипата стигна до двојна круна. Дојде на мала врата, а веднаш стана еден од најдобрите играчи во Лигата и со тоа најдобар десен бек. Ако до крајот на кариерата не замине во Динамо или Хајдук, ќе има култен статус на Кварнер“, стои во објаснувањето за Ристовски.

Хрватското првенство веројатно е најсилно на поранешните југословенски простори, па поради тоа е ова е и тоа како голем комплимент за македонските фудбалери.

„Адеми е сè само не е странец, ама откако избра да игра за Македонија слободно може да го сместиме во оваа конкуренција. Беспоштеден борец, вистински лидер, водач во соблекувалната. Секој тренер би го посакал во тимот. Кој знае каква кариера ќе имаше ако не беше суспензијата од две години, ама јасно им е на сите, дека Динамо тешко ќе најде негова замена кога еден ден ќе реши да си оди од Загреб“, стои во анализата за Адеми.

Во нападот место доби Илија Несторовски кој додека го носеше дресот на Интер Запрешиќ беше најдобар стрелец. Несторовски потоа направи трансфер во Италија.

„Кога играте за мал клуб од ХНЛ, а се наоѓате во вакво одбрано друштво, јасно е дека станува збор за врвен играч. Илија беше врвен напаѓач, од пола шанса знаеше да даде гол. Беше гол-машина кој од секоја ситуација знаеше да погоди, дали е еврогол или од еден метар – неважно. Не простуваше ни најмала грешка. Надвор од теренот на сите им беше симпатичен, знаеше сите да ги насмее, ама најмалку до смеа им беше на дефанзивците кои требаше да го чуваат“, стои во објаснувањето за Несторовски.