Фудбал
Целосен „ремонт“ во редовите на Аргентина за наредните натпревари
Репрезентацијата на Аргентина доживеа дебакл на Светското првенство во Русија, а неколку дена после Мундијалот Хорхе Сампалои доби отказ.
Од Аргентина се очекуваше многу на Мундијалот во Русија, но ги разочараа своит навивачи со лошите игри, па дома се вратиа веќе по осмина финалето. Сампаоли се најде на голем удар на јавноста во Аргентина, но обиваше да поднесе оставка, па на крајот доби отказ.
Челниците на оваа селекција се уште немаат одлучено кој ќе биде новиот селектор на Аргентина, а привремено на ова место ќе биде Лионел Сколани кој е селектор на младата репрезентација на Аргентина. Тој најверојатно ќе биде на клупата и наредниот месец кога Аргентина ќе игра пријателски натпревар против Гватемала во Колумбија.
Во аргентинската јавност веќе се шпекулира дека Сколани и неговиот помошник Пабло Аимар веќе одлучиа да направат неколку големи промени во екипата. Наводно, на списокот на играчи ќе се најде Мауро Икарди и Лаутаро Мартинез за кои немаше место кај Сампаоли, а требаше да играат од првата минута.
Исто така, медиумите во Аргентина наведуваат дека покрај Икарди и Мартинез во пријателскиот натпревар од прва минута ќе играат и Паоло Дибала, Џовани Ло Келсо и голманот Франко Армани.