Фудбал
Црвена Звезда како во славните денови, пресврт за победа против Олимпијакос
Семедо во 37-та минута од првото полувреме ги замолкна „Делије“ на стадионот „Рајко Митиќ“, но во вториот дел следуваше вистинска експлозија. Фудбалерот на Олимпијакос Бензија во 58-та минута доби црвен картон, а тоа беше причина Црвена Звезда да тргне во тотална офанзива. Израмнувањето стигна четири минути по исклучувањето на противничкиот играч преку Вулиќ, а во последните три минути од регуларниот дел следуваа уште два гола во мрежата на грчкиот тим за големо славје. Милуновиќ и Боакје погодија за пресврт и три бода за Црвена Звезда. Тимот од Белград со оваа победа се проби на второто место пред Тотенхем и Олимпијакос.
Лига на шампиони 2.коло, резултати Група А, Б, Ц и Д
Група А.
Галатасарај – ПСЖ 0:1
Реал М. – Клуб Бриж 2:2
Табела: ПСЖ 6, Клуб Бриж 2, Галатасарај 1, Реал Мадрид 1.
Група Б.
Тотенхем – Баерн М. 2:7
Црвена Звезда – Олимпијакос 3:1
Табела: Баерн M. 6, Црвена Звезда 3, Тотенхем 1, Олимпијакос 1,
Група Ц
Манчестер Сити – Динамо Загреб 2:0
Аталанта – Шахтјор 1:2
Табела: Манчестер Сити 6, Динамо Загреб 3, , Шахтјор 3, Аталанта 0.
Група Д
Јувентус – Баер Леверкузен 3:0
Локомотив М. – Атлетико Мадрид 0:2
Табела: Јувентус 4, Атлетико Мадрид 4, Локомотив М. 3, Баер Леверкузен 0.