Connect with us

Фудбал

Тухел по мечот со Галатасарај: Освоивме бодови на тежок терен

ПСЖ го совладаГалатасарај во 2. коло од групната фаза во Лигата на шампионите со 1:0. Тренерот Томас Тухел е задоволен од изданието на неговиот тим и покрај тоа што е остварена само минимална победа.

– Натпреварот се покажа како тврд, но ние заслуживме да победиме. Секогаш е тешко да се игра на гости кај Галатасарај. Домаќинот играше смело и наметливо. Ние промашивме една-две шанси во првите 20 минути. Севкупно тимот прикажа одличен натпревар. Момците се бореа едни за други, и ние сме многу среќни за ова, истакна Тухел.

По двете почетни кола ПСЖ се одвои сам на врвот со максимални шест бода, пред Клуб Бриж кој има два, Галатасарај и Реал се на последните две места со по еден бод.