Connect with us

Фудбал

Убедлива победа на Уругвај против Еквадор, реми на Парагвај и Катар

Предводени од расположениот Луис Суарез. Репрезентативците на Уругвај со победа од 4:0 против Еквардор го започнаа овогодинешниот настап на Копа Америка.

Лодеиро, Кавани и Суарез реализиираа уште во првото полувреме а конечните 4:0 ги постави Мина со авто-гол на 12 минути до крајот. Уругвајците во второто коло од групата Ц ќе играат против Јапонија која доцна вечерва ќе игра против Чиле.

Во б конкуренцијата, Парагвај и Катар ремизираа 2:2. По првото коло во оваа група, Колумбија е прва по победата над Аргентина. Парагвајците и катарците имаат по еден бод на второто и третото место.

1ТВ