Connect with us

Фудбал

УЕФА без коментар за притворањето на Платини

Денес Французинот беше приведен за да сведочи за корупцијата при изборот на домаќинот на Светското првенство во 2022 година.

– До овој момент немаме коментар, објави прес-службата на УЕФА.

Во 2015 година, Платини беше суспендиран од фудбалски активности за нелегално добивање на два милиони швајцарски франци од претседателот на ФИФА Сеп Блатер во 2011 година.

Платини беше претседател на УЕФА од 2007 до 2015 година.