Фудбал
Украина медиуми: Срна падна на допинг тест
Капитенот на Шахтјор Дарио Срна падна на допинг-тест по натпреварот против Наполи во Лигата на шампионите, објавија украинските медиуми.
Шахтјор се уште нема објави на својата официјална веб-страница, а ниту УЕФА не излезе со коментар дали наодите на Срна покажале користење нелегални супстанции.
– Ние не ги коментираме случаите пред конечните одлуки на нашите дисциплински тела, порачаа кусо од УЕФА.
35-годишниот хрватскиот ветеран играше 90 минути во победата над Наполи, а потоа го пропушти натпреварот со Одеса во украинскиот шампионат.
Тренерот на Паоло Фонекс, отсуството на Срна го објасни поради замор.
Срна ја игра својата 14. сезона во Шахтјор и е фудбалер со најмногу настапи во тој клуб (526). За хрватската репрезентација одиграл 134 натпревари.