Connect with us

Фудбал

Управата на шпанската лига со план за одигрување неколку натпревари во САД

Управата на шпанската фудбалска лига планира неколку првенствени натпревари да се одиграат во САД, освен големото дерби помеѓу Реал Мадрид и Барселона.

Според соопштението, лигата планира натпревари во САД како дел од 15-годишното партнерство со групата Релевент, со цел да се промовира фудбалот во Северна Америка.

Не се дадени повеќе детали, освен дека се уште се договора за организацијата и термините, а оваа сезона можно е да се одигра барем еден натпревар во САД.

Хавиер Тебас, претседател на лигата, ја негираше можноста „ел-класико“ помеѓу Реал Мадрид и Барселона, да се одигра надвор од Шпанија.

Групата “Релевант” е организатор на најголемиот претсезонски турнир, Меѓународниот куп на шампиони, каде Барселона и Реал минатата година играа во Мајами.