Connect with us

Фудбал

Уште една легенда се враќа да му помогне на Милан

Љубителите на фудбалот со нетрпение го очекуваат почетокот на новата сезона во Серија А, а ќе започне наредниот викенд.

Сериа А ќе биде значително поинтересна во однос на претходната сезона затоа што голем број од ѕвездите кариерата одлучиа да ја продолжат токму тука. Многумина се надеваат дека на самиот врв ќе се врати Милан кој мака мачи со резултатите во претходните години.

Сепак, на „Сан Сиро“ имаше доста промени ова лето и навивачите се надеваат дека клубот конечно ќе се врати на старите патеки. На Милан се приклучиа и легендарниот играч Паоло Малдини и Леонардо кои сакат да му помогнат на „Росониерите“, а би можело да се приклучи и Кака.

Некогашниот играч на Милан неодамна ја заврши кариeрата и не одлучил со што ќе се занимава во иднина. Италијанските медиуми наведуваат дека Милан му понуди можност да се врати во клубот и да добие некоја функција. Но Кака не е оптимист дека тоа ќе се случи оваа сезона.

„Сите знаат дека сум во одлични односи со Милан и дека еден ден сигурно ќе се вратам. Се, сега ми е приоритет да останам во Бразил затоа што тука ми е семејството. Вратата за враќање во Милан ми е секогаш отворена и кога ќе стекнам малку искуство веднаш ќе дојдам да помогнам“, рече Кака.