Connect with us

Фудбал

Уште една одлична зделка на Јувентус, цената ја плати Аталанта

Освен што Јувентус знае да донесе добро засилување, одлична работа прават и при излазните трансфери и ретко губат пари. Италијанските медиуми пишуваат дека Јуве на Аталанта го продал 22-годишниот фудбалер за врска Симоне Мураторе, кој настапува инаку за Б тимот на „Старата дама“.

Мураторе оваа сезона настапи за У23 на Јуве, кој се натпреварува во Серие Ц. Запиша 15 настапи, а ја носеше и капитенската лента. Она што е интересно дека Аталанта за овој млад играч ќе плати дури 8 милиони евра.