Connect with us

Фудбал

Ужевски потпиша за ГФК Осогово

Од денес нов член на ГФК Осогово е и 27-годишниот стопер Борче Ужевски кој доаѓа од редовите на Каменица Саса.

Со Ужевски очекуваме дефанзивната линија да биде дополнително зацврстена во пресрет на новата сезона. Кога сме кај Борче вреди да кажеме дека во својата кариера има настапувано уште и за Брегалница Штип, Скопје, Македонија ЃП и Беласица.

„Задоволен сум што доаѓам во еден клуб како ГФК Осогово кој важи за бренд во регионот, екипа која има завидна историја. Знам дека клубот има многубројни навивачи и ќе ми биде чест да играм пред толкава бројка од публика“, изјави Ужевски при промоцијата во „жолто-синиот“ дрес.

Ужевски воедно е третото засилување по Миле Костовски и Дејан Стоименов, а во следниот период ќе и се придружат уште неколку нови имиња.