Connect with us

Фудбал

Валверде сака Ракитиќ да остане во Барселона

Раководството на Барселона подготвува состанок за да ги одреди играчите, кои ќе бидат продадени. Претседателот на клубот, Хозе Марија Бартомеу и тренерот Ернесто Валверде ќе бидат присутни.

Шпанскиот гигант сака „да го растовари“ својот буџет за плати за да обезбеди пари за нови регрути во текот на летото. Весникот „АС“ открива кој покрај капитенот Лионел Меси е „неприкосновен“ за раководството и нема да биде продаден. И ова е играчот од средниот ред Иван Ракитиќ, кој неодамна беше поврзан со трансфер во Интер.

Според шпанскиот весник, Валверде инсистирал хрватскиот репрезентативец да остане во тимот и гледа во него составен дел од новиот тим кој ќе се гради за следната сезона.

Во минатата сезона Ракитиќ влезе во топ 5 на играчите на каталонците, кои најчесто биле на теренот. Тој ги надмина по овој показател напаѓачите Лионел Меси и Луис Суарез. 31-годишниот Хрват одигра 54 натпревари за Барселона во сите натпреварувања.