Connect with us

Фудбал

Валверде се пожали на условите за игра на денешниот дуел со Леганес

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, по денешната тешка победа над леганес во 14-то коло од шампионатот на Шпанија рече дека двата тима се соочиле со лоши услови за игра.

– Најважно е што победивме. Натпреварот беше многу лош за нас. Времето беше страшно, ветерот ни пречеше во играње долги топки. Не можевме да воспоставиме добар проток на топката. Противникот играше одлично во одбрана. Денес моравме да победиме со сите средства и го сторивме тоа. Се разбира, игравме нездраво, но продолжуваме со позитивен став, изјави Валверде.

Тој додаде дека неговиот тим е изложен на многу критики за гостинските изданија.

На гости играме слабо и загубивме веќе трипати. Но, денес ја надминавме таа бариера и покрај тоа што игравме на тежок терен во тешки временски услови. Знаеме дека мора да играме подобро, потенцира предводникот на Барселона.
Со новите три бода каталонскиот клуб е на врвот на табелата во очекување на другите средби од 14. рунда.