Connect with us

Фудбал

ВАР не реагираше – старата дама одигра многу лош натпревар, но славеше победа!

Јувентус не знае за пораз, и по 13. коло во Серија А на гостувањето ја победија Аталанта со 1:3.

Голема врева на Апенините крена вториот гол на Јуве, поточно ситуацијата која претходеше на одличната акција при погодокот на Игуаин.

Со оглед на тоа дека Квадрадо играше со рака на својата половина и во одбрана не можеше да се употреби ВАР па судијата Роки не можеше да ја исправи својата грешка.