Connect with us

Фудбал

ВАР оди во историјата од Лигата на шампиони? Ќе се воведува нова судиска помош

Неколку клубови веќе работат на измените за судиската помош, односно нивните намери за а целосно укинување на ВАР технологијата од Лигата на шампиони.

Клубовите преговараат за нова судиска помош која ќе треба да ја замени ВАР технологијата. Од ЕКА (Европска клупска асоцијација) велат дека причината поради која бараат отстранување на ВАР е покажувањето на сериозни грешки и како што велат тие уништувањето на фудбалот.

Ова следува по недосудениот пенал за Интер на последниот натпревар со Барселона. Судијата тогаш не доби сигнал од ВАР и не беше прегледат спорниот момент.

Идејата која треба да ја замени ВАР технологијата е нешто слично на „соколовото око“ во тенисот, односно повторно со технологија да се утврдува дали имало прекршок, а тоа ќе имаат право да го бараат екипите по еднаш по едно полувреме.