Connect with us

Ракомет

Вардар домаќин на Кристијанштад во последниот годинашен дуел од ЛШ, Металург гостува кај Спортинг

Ракометарите на Вардар против Кристијанштад од Шведска попладнево го играат последниот натпревар од ЕХФ Лигата на шампионите за 2017 година.

Средбата е закажана за 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански”.

Во претходните натпревари со шведскиот тим Вардар секогаш победувал, а со оглед на моменталната форма и квалитетот на двете екипи се очекува бодовите и денеска да го освои македонскиот првак кој е и актуелен европски шампион.

Полн успех очекува и капитенот Стојанче Стоилов

Не треба да се опуштиме, досега немаме пораз и се оди добро. Да не ја разочараме публиката на крајот од годинава, вели капитенот Стоилов.

Досега Вардар одиграл пет натпревари со Кристијанштад. На последниот меч кај нив победи со 26-23. Ова е трета сезона по ред како се среќава со тимот од Шведска во групната фаза. Лани исто така првиот меч го играше во Шведска и победи со 28-23, а во реваншот во Скопје триумфира со 32-29.

Вториот македонски претставник во шампионската лига, тимот на Металург кој ги загуби шансите за пласман во следната фаза, вечер од 21 часот игра со Спортинг.