Connect with us

Ракомет

Вардар Јуниор и Пелистер ремизираа

Вардар Јуниор и Пелистер одиграа нерешено 24:24 синоќа во натпревар од 7.коло на Женската ракометна лига на Македонија.

Ива Божиновска во последната минута не реализираа пенал за победа на Вардар Јуниор, па двете екипи на крајот освоија по еден бод.

На другите два завршени натпревара од седмата рунда, Деспина како гостин ја совлада Гевгелија со 20:18, а Вардар беше убедлив со Металург 39:18.

Утре играат Овче Поле – Куманово.

Табела: Вардар 21 бод, Пелистер 13, Металург 12, Куманово 12, Вардар Јуниор 11, Гевгелија 4, Овче Поле 3, Деспина 3.