Ракомет
Вардар продолжува да „гази“ и во СЕХА – 8 од 8!
Македонскиот и европски првак Вардар и во регионалното СЕХА натпреварување останува непоразен оваа сезона. Во нашице без проблеми го совлада Нексе со 30-21 во 8.коло.
Рамноправно се играше некаде до 21-та минута, кога за последен пат беше резултатот изедначен 9-9. Потоа, Вардар ја презеде играта во свои раце, заигра на повисоко ниво, реализирајќи шест погодоци, наспроти два на домаќинот, за солидна предност на паузата 15-11.
Квалитетот на теренот пресуди уште на стартот во вториот дел, кога со два нови погодоци поведоа со 6 разлика, а потоа постепено нашиот првак го зголемуваше водството за на крајот да слави со девет разлика 30-21, пишува ТВ 24.
Најзаслужни за осмата победа, по осум одиграни натпревари во СЕХА, беа Криштопанс со 6, Циндиќ и Чупиќ со по пет погодоци. Но, пред се голманото Милиќ со фантастични 12 интервенции.
Во следното СЕХА коло, наредниот вторник, Вардар ја пречекува Војводина, но пред тоа, оваа сабота е домаќин и на Кристијанштад во Лигата на шампионите.