Connect with us

Ракомет

Вардар убедлив против Татран Прешов

Нова победа на ракометниот клуб Вардар во СЕХА лигата. Вечерва „црвено-црните“ славеа на гостувањето кај Прешов со 29:22 ( полувреме 10:8). Ова е трета победа на македонскиот претставник во ова натпреварување со која собра девет бодови.

Најефикасен во тимот на Вардар беше Тимур Дибиров со пет постигнати голови, по четири постигнаа Горбок и Шишкарев, а Артур Кугис забележа 14 одбрани.