Connect with us

Ракомет

Вардар вечерва против германскиот шампион во лигата на шампиони

Вардар вечерва ќе ги одмери силите против германскиот шампион Рајн Некар Левен. Европскиот шампион има обезбедено тикет за следната фаза од Лигата на шампионите, иако имат за играње уште шест натпревари од групната фаза.

Моментално Вардар е на првата позиција од табелата со 15 бода, а веднаш под него се наоѓаат Нант и Барселона со 13 односно 12 бода.

Мечот меѓу Рајн Некар Левен и Вардар започнува од 19.00 часот.