Connect with us

Ракомет

Вардарки потешко од очекуваното го совладаа Ларвик

Ракометарките на Вардар потешко од очекуваното забележаа победа во дуелот против Ларвик со која го одржаа максималниот учинок од четири победи во Лигата на шампионите.

На натпреварот одигран попладнево во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, ЖРК Вардар го победи Ларвик со 30-27 полувреме 10-11.

Лошо одиграа избраничките на Дибирова во првиот дел, па на противничките им дозволија на одмор да заминат со гол предност. Сепак во вториот дел, вардарки покажаа дека се за класа подобар противник и предводени Амандин Лејно која имаше 20 успешни одбрани заслужено се радуваа на победа со конечни 30-27.

Андреа Пенезиќ беше најефикасна со седум гола, Цвијиќ додаде уште пет, додека Кузњецова, Радичевиќ и Лакрабер постигнаа по четири гола.

Во наредното коло Вардар гостува кај Ференцварош, меч кој е од големо значење, затоа што ќе одлучува околу бодовите кои клубовите ќе ги пренесат во наредната фаза.

А унгарската екипа попладнево го совлада германскиот првак Турингер со 28-25.

Вардар е лидер на табелата со максимални 8 бода, пред ФТЦ Будимпешта кој сега има 6, додека Турингер остана на 2, а Ларвик нема ниту еден бод.