Connect with us

Ракомет

Вардарци отпатуваа за Словенија на дуел против Целје во СЕХА лигата

Ракометарите на Вардар отпатуваа за Словенија на дуел против Целје во рамките на регионалната СЕХА лига.

Згуснатиот е распоред на вардарци во Лигата на шампионите и СЕХА лигата па затоа и овој меч со Целје ќе биде тежок за избраниците на Раул Гонзалес.

– Не очекува многу брз натпревар. Целје игра така секогаш кога е домаќин. Го гледавме нивниот мечот со Кјелце. Имаат и млади и поискусни играчи. Очекувам тежок меч. Треба да се биде подготвен за се, никогаш не знаеш како тие ќе играат. Ние треба да играме како и досега, сконцентрирани на она што не очекува, изјави тренерот на Вардар.

Иако Вардар на овој меч ќе настапи без повредените Стојанче Стоилов и Хорхе Македа, пивотменот на црвено-црните Мијајло Mарсениќ смета дека тимот ќе најде сили да го добие и овој меч,

– Нѐ очекува тежок меч после доста трошење на дуелот со Барселона, па потоа дојде и Загреб, и тука требаше да се потрудиме на почетокот. Така ќе биде и во Словенија, имаме мали проблеми со повредите. Ние сме европски прваци и треба така да се однесуваме, да сме мотивирани. Тие играат добро, играат со многу трчање, брзи напади и се надевам ќе го сопреме Млакар нивниот најдобар играч и дека ќе славиме во Словенија, дополни Mарсениќ.

Натпреварот меѓу Целје и Вардар е закажан за утре со почеток од 17 часот и 45 минути.