Ракомет
Васко Ковачевски нов претседател на Ракометниот клуб Пелистер
Поранешниот пратеник, сегашен директор на рударско енергетскиот комбинар „РЕК“ Битола, Васко Ковачевски е новиот претседател на РК Пелистер.
Денеска тие ја одржаа новата седница со новиот управувачки дел на РК Пелистер:
Васко Ковачевски – претстeдател
Сашо Шамбевски – извршен директор
Златко Димитровски – спортски директор
Борче Корлевски – технички директор
Сашо Јанкуловски – секретар
Екипата на Стевче Алушовски презими како лидер во Суперлигата и со новиот управен одбор најавува напад кон највисоките позиции во пролетниот дел од сезоната.
Ј.П