Connect with us

Други спортови

Венгер сака да се врати на тренерската работа

Поранешниот предводник на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека би сакал да се врати на активната тренерска работа.

– Не се согласувам со фактот дека никогаш повеќе не можам да бидам тренер. Отворен сум за предлози. Сакам уште еднаш да ги почувствувам овие емоции на натпреварите, изјави Венгер за „Скај спортс“.

Седумдесет годишниот Французин работеше во лондонскиот клуб од 1996 до 2018 година.

Под негово водство Арсенал три пати го освои шампионатот во Англија, седум пати победи во ФА купот и Супер купот.

Извор: Нетпрес