Connect with us

Фудбал

Вернер не сака да го продолжи договорот со Лајпциг

Напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер нема намера да го продолжи сегашниот договор со тимот, изјави менаџерот Ралф Рангник што ги засили шпекулациите кои го поврзуваат германскиот репрезентативец со преминување во Ливерпул или Баерн Минхен. Вернер, кој постигна 61 гол во 114 натпревари во Бундеслигата, има уште една година од неговиот сегашен договор.

Според информациите, Ливерпул се фокусирал кон фудбалер во напад, а името на 23-годишниот Германец редовно циркулира во медиумскиот простор, додека Баерн секогаш е меѓу кандидатите за потписот на најдобрите млади таленти во Германија. „Тимо не сака да го обнови својот сегашен договор со Лајпциг“, изјави Рангник за „Кикер“.

„Но досега, ниту еден клуб не излезе со конкретен предлог. Не е добра идеја за Тимо да влезе во неговата последна година на договорот, бидејќи ризикува да ги наруши неговите односи со навивачите при незадоволителни перформанси во следната сезона“.

Сепак, Рангник го повика 23-годишниот фудбалер да остане во Лајпциг следната кампања, додавајќи дека кога еден „навистина голем клуб“ ќе го побара, тогаш тој е слободен да си замине.

„Мое мислење е дека Тимо совршено се вклопува во стилот на игра во Лајпциг. Ако бев негов советник или татко, би го советувал да остане и да го продолжи договорот. Кога ќе дојде голем клуб и тој сака да замине, тој е слободен да го стори тоа “, заклучи Рангник.