Connect with us

Други спортови

Верстапен започнува од дното на Монца

Макс Верстапен најверојатно ќе го започне италијанското Гран-при во недела од дното на колоната поради новата спецификација на моторот на Хонда, кој е 4-тa, со само 3 дозволени според правилата.

Минатиот петок во „Спа“, Алекс Албон ја искористи новата верзија, по што тимот се врати кон постара верзија за сабота и недела. Сепак, Данил Квјат од Торо Росо цело време го користел новиот мотор и собрал многу податоци.

– Многу е веројатно дека Макс ќе има промена на моторот и соодветна казна. Конечно ќе решиме подоцна во текот на неделата, откако ќе разговараме за работите со Хонда. Сепак, податоците што ги имаме се многу охрабрувачки, рече Кристијан Хорнер.

Самиот Верстапен, кој испадна рано во Белгија, воопшто не е загрижен, бидејќи надминувањата на Монца се лесни, па тој може брзо да го пробие својот пат напред во колоната.

– Мислам дека започнувањето од дното на оваа патека не е голем проблем. Можеби нема да стигнеме до Топ 4, бидејќи Ферари е многу брз, но можеме да се справиме со сите други, рече Холанѓанецот.

Извор: Нетпрес