Connect with us

Кошарка

Вестбрук со нов трипл-дабл во победата на Оклахома над Сан Антонио

Расел Вестбрук синоќа го оствари својот седми трипл-дабл сезонава во победата на Оклахома над Сан Антонио.

Оклахома славеше со 90:87, а Вестбрук натпреварот го заврши со 22 поени, 10 асистенции и 10 скока.

Тоа е 86ти трипл-дабл за ѕвездата на „Тандер“ во кариерата. Повеќе од него имаат само Оскар Робертсон (181), Меџик Џонсон (138) и Џејсон Кид (107).