Connect with us

Кошарка

Вестбрук со тројка во финишот на натпреварот им донесе победа на Оклахома против Атланта

Оклахома синоќа славеше против Атланта со 120:117, а најзаслужен за победата беше Расел Вестбрук со 30 поени, 15 асистенции и 7 скока.

Тој ја постигна и одлучувачката тројка во последните секунди од натпреварот. Кај гостите најдобар беше италијанецот Марко Белинели со 27 поени.

Оклахома има ефект од 17 победи и 15 порази и се наоѓа на 5.место во Западната конференција од НБА лигата.

Атланта е последна на Истокот со седум победи и 25 порази.