Connect with us

Други спортови

Ветераните на Пирин најдобри на меѓународниот одбојкарски турнир во Струмица

Во финалниот натпревар тие беа подобри од домаќините, ветераните на Струмица, забележувајќи победа од 2:0 во сетови.

Во натпревар за третото место ветераните на Рибница од Краљево, Србија, беа поуспешни од екипата на Тетово и славеа победа од 2:0.

Турнирот се одржува традиционално десетти пат по повод патрониот празник на Струмица „Светите петнаесет тивериполски свештеномаченици”.

Организатор на турнирот се ветераните на Одбојкарскиот клуб Струмица.