Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Алиоски повторно во конфликт со противнички играч, реакцијата стана хит на интернет

Лидс славеше на гостувањето кај Барнли со 4:0, а нашиот Алиоски забележа асистенција при вториот гол. Но, нашиот репрезентативец е хит во Англија, поради неговата реакција. Се спречка поради прекршок со противнички играч, а начинот на кој реагираше насмеа, но и зачуди многумина.

Пред неколку кола алиоски исто така пцуеше противнички фудбалер, но не на англиски, туку на балкански начин, па исто така тоа стана хит на социјалните мрежи.