Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Аргентина ја декласира Никарагва, спектакуларен гол на Лионел Меси

Репрезентацијата на Аргентина синоќа во пријателски натпревар ја декласира Никарагва со 5:1.

Аргентинците се подготвуваат за Копа Америка кој ќе се игра во Бразил од следната недела. „Гаучозите“ синоќа одиграа пријателски натпревар против Никарагва во кој ја покажаа својата сила и славеа со убедливи 5:1.

Секако, треба да се каже дека Никарагва не е противник по мерка за Аргентина, но јавноста во оваа земја е среќна затоа што нивниот тим конечно ги одигра 90 минути така како што треба.

Во првото полувреме беа постигнати два гола, а на сцената беше Лионел Меси. Капитенот на Аргентина постигна гол за 1:0 во 37. минута на спектакуларен начин кога предрибла неколку играчи и ја затресе мрежата. Само минута подоцна Меси постигна гол за 2:0.

  • Првиот гол на Лионел Меси: 

  • Вториот гол на Лионел Меси:

Натпреварот заврши 5:1, a останати стрелци за Аргентина беа: Мартинез Лаутаро во 63’, 73’ и Роберто Переира во 81’.

Никарагва постигна само еден гол и тоа во судиското надополнување од пенал. Хуан Барера 90+1’  (пен).