Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: Чешка ја потцени Австрија и падна во Виена

Репрезентацијата на Чешка ја потцени екипата на еден од домаќините Австрија и доби пораз среде Виена.

Австрија подобро го почна натпреварот и имаше постојано водство, но не повеќе од два гола разлика. Работите се сменија во корист на Чешка по влегувањето во игра на Ондреј Здрахала, па на полувремето оваа репрезентација имаше водство од 14-13.

Во второто полувреме Австрија направи серија од 5-1 за да поведе со 18-15. Чешка имаше уште еден налет, кога израмни на 22-22, но тоа беше се што успеа да направи на овој натпревар. Австријците одговорија со нова серија од 3-0 и предноста ја задржаа до самиот крај за конечни 32-29.