Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: Ечи „Излези момче“ во Загреб – Македонските навивачи се подготвуваат за вечерашниот дуел

На помалку од два часа до официјалниот старт на натпреварот помеѓу Македонија и Словенија, фан зоната на Македонија во клубот „Роко“ речиси е полна.

Се пат македонски навивачки песни, се загрева атмосферата, се пие пиво, се фотографираат и споделуваат на социјалните мрежи, вака на кратко моментално изгледа „Роко“ во Загреб.

Околу 2.000 македонски навивачи денеска допатуваа во Загреб, за да ја бодрат Македонската ракометна репрезентација.

Нашите навивачи се наоѓаат во фан зоната во „Club Roko” на улица Јарунска бр.5, а дружење се најавува и по завршувањето на натпреварот.