Connect with us

Други спортови

(ВИДЕО) Францускиот автомобилист Убер почина по несреќата на трка за Формула 2

Францускиот пилот Антоан Убер од тимот на „БВЅ Арден“ почина, како последица од здобиените повреди по тешката несреќа за време на трката во Формула 2 во Белгија, соопшти во саботата Меѓународната автомобилска федерација (FIA).

Трката на патеката Спа-Франкошамп траеше само два круга. При едно свртување, 22-годишниот француски пилот доживеа несреќа. Неколку болиди налетаа на оштетеното возило, а еден од нив се распадна на делови.

По краткотрајната пауза, организаторите решија трката да не продолжи.

Вториот учесник во карамбилот, Американецот Хуан Мануел Кореа е во стабилна состојба во болница. Според медиумските извштаи, нему му се скршени нозете.

 

Извор: Нетпрес