Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Го имаме промашувањето на сезоната во Италија, дали е можно ова да не е гол?!

Интер на домашен терен одигра 3:3 против Сасуоло, а овој кикс веројатно значи крај во трката за титулата со Јувентус и Лацио. Сасуоло поведе, Интер направи пресврт, потоа водеше и со 3:2, но на крајот само бод. Еден од трагичарите на мечот е Роберто Гаљардини кој освен тоа што одигра лош натпревар, веројатно ќе биде „победник“ во конкуренцијата за промашување на сезоната во Серие А. Лукаку се држеше за главата и не можеше да поверува дека од таква близина, во ситуација кога противничкиот голман лежеше на тревата, Гаљардини не успеа да ја погоди мрежата.