Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Хрватска кошаркарка ја загуби свеста по брутален напад од Американка

Кошаркарката на Торино, Ивана Тиквиќ, доби брутален удар од зад грб од страна на Дерис Хамбри во натпревар од 10. Коло на италијанското првенство по што ја загуби свеста и беше итно префрлена во болница.

По укажаната помош Тиквиќ закрепна и е пуштена на домашно лекување.

Инцидентот се случи во последната минута од натпреварот кога победникот веќе беше решен со оглед на високото водство на Торино над Рагуза со 71:53.

Поради непромислениот потег, Американката во редовите на Рагуза е суспендирана на три месеци.