Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Каков пресврт на Аталанта, Лацио се „поклони“ за прв пат по точно девет месеци

Аталанта одигра за Јувентус, но секако и за себе во трката за пласман во Лигата на шампионите. Иако губеше со 2:0, преку автоголот на Де Рон, а потоа и евроголот на Милинковиќ-Савиќ, сепак на крајот тимот од Бергамо се радуваше против Лацио со 3:2. Со ова Аталанта му го нанесе првиот пораз на тимот на Симоне Инзаги во Серие А по пауза од цели девет месеци. Последен пат Лацио загубилна гостувањето кај Интер со 1:0 на 25 септември минатата година.

Стрелци на головите за Аталанта беа Госенс, Малиновски и Паломино. Со оваа победа Аталанта има 54 бодови, четири помалку од Интер на третата позиција. Лацио останува на 62  додека Јувентус, во чиј прилог оди поразот на „римјаните“ има 65 бодови,

Вечерва Рома преку пресврт ја совлада Сампдорија со 2:1,а стрелец на двата гола беше Един Џеко. Со оваа победа Рома има 48 бодови на петото место и секако се уште е во трка за четвртата позиција која носи пласман во ЛШ.

Standings provided by SofaScore LiveScore