Фудбал
ВИДЕО: Касемиро се расплака. Го доби вториот црвен картон сезонава и подолга суспензија
Искусниот играч за врска Касемиро (31) до оваа сезона нема добиено директен црвен картон во кариерата. Сега на натпреварот од 27. коло на Премиер лигата против Саутемптон го доби вториот откако летово стана играч на Манчестер Јунајтед. Иако судијата Ентони Тејлор првично му покажа жолт картон на Бразилецот поради прекршокот над Карлос Алкараз, по ВАР-снимката ја смени одлуката и го исклучи.
Касемиро иако прв ја допре топката, во продолжението на лизгачкиот старт со отворена копачка го удри Алкараз во ногата. Новиот црвен картон очигледно силно го погоди. Солзите ги покри со раце, а соиграчот и сонародник Антони дојде да го утеши. Исто така беше видно потресен додека го напушташе теренот.
Кликнете тука за да го погледнете видеото.
Вториот црвен картон во сезоната автоматски му донесе на Касемиро долга суспензија од четири натпревари. Касемиро беше исклучен за прв пат оваа сезона пред само пет кола, кога забележа црвено против Кристал Палас. Така на последните три првенствени натпревари за Манчестер Јунајтед дури двапати доби црвен картон.