Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Кливленд врза три победи

Вицешампионот во НБА лигата, екипата на Кливленд го победи Шарлот со 115:107 и влезе во серија од три победи.

Леброн Џејмс со 31 поен, осум асистенции и шест скока беше предводник на Кавалирс до осмата победа оваа сезона.

Кливленд сега е на позитивен биланс (8-7), додека Шарлот по осмиот пораз остана на пет победи.